Петкратниот носител на Златната топка, Кристијано Роналдо, откри дека ќе се повлече веднаш штом телото ќе му каже дека е време за пензионирање. По крајот на активната кариера како фудбалер, Португалецот би сакал да си го поднови образованието и да стане актер во филмови.
„Никогаш не сум имал лоша сезона во животот, секогаш сум подготвен за предизвици. Секогаш играм со намера да победам. Кога телото нема да ми реагира правилно на терен, тогаш ќе запрам со играње. Порано идеално беше да се повлечете на 30 или 32 години, сега има играчи кои имаат по 40 години. Сакам да продолжам со образование, сакам да го имам одговорот на многу прашања кои си ги поставувам. А, ме влече и тоа да се обидам да станам актер во филм“, изјави КР7 во Дубаи.