Гол-серијата на Кристијано Роналдо продолжи и на мечот против Алмерија, на кој Португалецот постигна два погодоци, но и тоа не беше доволно за да го спаси Ал-Наср од пораз.
Шпанскиот второлигаш поведе во шесттата минута, а Кристијано Роналдо со два гола во 17-тата и 39-тата минута направи комплетен пресврт.
До крајот на првиот дел, Алмерија израмни на 2-2, а во второто полувреме успеа да дојде и до победа од 3-2. Кристијано Роналдо играше само во првото полувреме.