Екипите на Рома, Наполи и Челзи застанаа во редот на клубовите кои се спомнуваат како можна опција за незадоволниот Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед. Португалецот е разочаран од третманот што го има во англискиот тим, а фактот дека Црвените ѓаволи нема да играат во Лигата на шампионите само дополнително ги зголемува најавите дека е можно летово да се случи трансфер.
Мадридскиот весник „Ас“ пласира „бомба“ за можен трансфер на Роналдо во Барселона. Пишувањата се дека синоќа на вечера биле претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и агентот на Роналдо, познатиот Жорж Мендеш, а во текот на разговорот повеќе пати било спомнувано името на Кристијано Роналдо.
Според „Ас“, од Барселона и минатото лето сакале да го купат Роналдо, кога тој одбра да потпише за Манчестер јунајтед, додека каталонскиот гигант не бил во можност да ги исполни барањата на фудбалерот за огромната плата која сега ја добива во Англија.
Cristiano Ronaldo’s agent meets with Barcelona president amid talk of Manchester United exit #MUFC https://t.co/hXFYpDKLeZ
— talkSPORT (@talkSPORT) July 4, 2022