Кристијано Роналдо вечерва нема да игра против Лестер?

Кристијано Роналдо го немаше меѓу фудбалерите кои се најдоа во хотелот каде екипата на Манчетер јунајтед е во карантин пред мечот со Лестер, и ова речиси сигурно значи дека Португалецот нема да се појави вечерва на „Олд Трафорд“ на дуелот на Црвените ѓаволи против Лестер.

Роналдо вчера не тренирал, а го немало ни во хотелот, што се доволни сигнали оти нема да биде во комбинација за настап против Лисиците.

Кристијано сезонава даде 18 гола за Јунајтед во сите натпреварувања, но по доаѓањето на менаџерот Ралф Рангник, почесто се случува да добие одмор. Роналдо минатата недела играше два бараж меча за Португалија, но играше и Бруно Фернандеш, а тој ќе се појави вечерва против Лестер.

- Оглас -

Најнови вести