27.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Кристијано Роналдо постигна гол на дебито на Жоао Феликс за Ал-Наср (Видео)

Саудиски Ал-Наср триумфира со 2-1 на пријателскиот меч во Австрија против францускиот прволигаш Тулуз, а средбата мина во знакот на двајцата Португалци од Ал-Наср.

Кристијано Роналдо даде гол, а Жоао Феликс имаше деби за Жолто-сините. Роналдо играше само во првото полувреме, а Феликс беше повлечен во 59-тата минута и на негово место влезе Мохамед Маран, кој го постигна победничкиот гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести