Кристијано Роналдо потврди: „Останувам во Ал-Наср!“

Иако најави дека со истекот на договорот завшува и неговото поглавје во Ал-Наср, сепак, се чини дека Кристијано Роналдо се предомисли. На новинарско прашање по завршување на финалето од Лигата на нациите, Португалецот одговори дека ќе остане во Ал-Наср и нема да менува ништо.

„Во суштина ништо нема да се промени. Ал-Наср? Да.“ – рекол Кристијано Роналдо, а пренесува Фабрицио Романо.

„Знаете колку години имам, поблиску сум до крајот, отколку што бев на почетокот, но сакам да уживам во секој момент. Ако немам некоја сериозна повреда, продолжувам понатаму.“ – се вели во објавата на најпознатиот фудбалски инсајдер, кој ги пренесува зборовите на Португалецот.

Кристијано Роналдо успеа да се запише во листата со стрелците на мечот против Шпанија, што за него беше 938-ми гол во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести