Договорот на Кристијано Роналдо со Ал-Наср завршува следното лето, а според информациите на светските медиуми, преговорите за продолжување веќе се започнати. Португалецот во моментов има 39 години, но сака да игра на Светското првенство во 2026-тата, а за тоа потребни му се натпревари.
Со оглед на финансиската моќ на клубот од Саудиска Арабија, не би требало да биде никаков проблем договорот да му биде продолжен и Кристијано да игра најмалку до 2026-тата, а можеби и потоа.
Доколку Роналдо игра за Португалија на Светското првенство за две години, ќе стане првиот фудбалер во историјата со настапи на шест различни Мундијали.