Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со Ал Наср до 2027 година

Најефикасниот фудбалер во историјата, Кристијано Роналдо, има договор со Ал Наср до летото 2025 година, а Португалецот е расположен да остане таму уште две години после тоа, и можно е наскоро да го продолжи договорот до 2027.

Рооналдо кој има 38 години, има цел да игра на Светското првенство во 2026 година, по што би ја завршил репрезентативната кариера, а една година подоцна да се повлече и целосно од фудбалските терени.

Ако игра на СП 2026, Роналдо ќе биде првиот фудбалер кој настапил на шест мундијали.

- Оглас -

Најнови вести