21.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Кристијано Роналдо се огласи првпат по елиминацијата на Јуве од Порто

Кристијано Роналдо го немаше во јавноста да го каже својот став после елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, а на негова адреса беа искажани критики и тоа не само од навивачи, туку и од аналитичари и легенди на Јуве.

Јуве 26 години не бил европски првак, веруваа дека со Кристијано ќе успеат, но засега не им оди. Од вчера почнаа гласини дека можно е Роналдо да си оди и да се врати во Реал Мадрид.

Конечно и самиот фудбалер испрати порака, и тоа преку неговиот профил на Инстаграм кој го следат многу милиони луѓе.

„Поважно од бројот на падови кои сте ги имале во животот, е колку брзо и колку силен ќе се вратите на нозе. Вистинските шампиони никогаш не се откажуваат. Нашиот фокус е кон мечот со Калјари, кон борба во Серија А, кон финалето на купот на Италија и сите работи кои може да ги освоиме сезонава. Вистина е дека минатото им припаѓа на музеите, но за среќа, фудбалот има меморија, а и јас имам! Историјата не може да биде избришана. Таа се пишува со секојдневна работа, упорност и тимски дух. Сите кои не го разбираат ова, никогаш нема да постигнат слава и успех“ – порача Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести