По пауза од два натпревари, Кристијано Роналдо се врати во составот на Ал-Наср за првенствениот меч против Ал-Калеј. Португалецот и неговите соиграчи победија со 2-0, но она што го привлече вниманието се двата пенали за Ал-Наср.
Кристијано Роналдо во 66-тата минута не успеа да погоди од белата точка, односно го промаши целиот гол, но во вториот обид беше поуспешен.
Во 97-мата минута биеше на истата страна како и половина час претходно, но овојпат топката заврши во мрежата на противничкиот голман.