13.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Кристијано Роналдо со двата гола против Унгарија сруши уште еден рекорд

Португалија не успеа да слави над Унгарија во квалификациите за пласман на Светското првенство и одигра само 2-2 пред своите навивачи, а двата гола за Португалците беа дело на Кристијано Роналдо.

Португалецот направи пресврт по водството на гостите, а тоа за него беа 40-тиот и 41-виот гол во квалификации за Светско првенство, со што постави нов рекорд. Кристијано Роналдо во пресрет на овој меч имаше 39 гола во квалификациите за Мундијалите, исто колку што имаше и Карлос Руис од Гватемала, но сега Португалецот е лидер и во оваа категорија.

- Оглас -

Најнови вести