22.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Кристијано Роналдо утре може да постави светски рекорд!

Кристијано Роналдо утре би требало да постави нов светски рекорд по бројот на настапи на еден играч за фудбалска репрезентација.

Ако утре одигра и барем една минута на средбата со Лихтенштајн, за Роналдо тоа ќе биде 197-ми настап за Португалија. Ниту еден друг фудбалер во историјата немал толку настапи за националниот тим.

Во моментов, Роналдо го дели првото место со Бадр Ал-Мутава од Кувајт, а утре би требало Португалецот сам да избие на прво место на вечната листа.

Кристијано своето деби за А тимот на својата земја го имаше пред 20 години, на пријателски меч против Казахстан, кога влезе во игра на местото на Луиш Фиго.

- Оглас -

Најнови вести