Кристијано Роналдо вечерва се огласи преку социјалните мрежи! (Фото)

Кристијано Роналдо со интервјуто за „Сан“ го размрда фудбалскиот свет, особено во Англија, каде што не очекуваа такви напади кон неговиот клуб Манчестер јунајтед, а вечерва Португалецот се огласи и преку социјалните мрежи.

„Целосен и апсолутен фокус на работата со националната селекција. Тимот е обединет, сите имаме една иста цел: да го реализираме сонот на сите Португалци“, порача Роналдо.

Оваа објава потврдува дека на Роналдо не му е грижа за реакциите и паричната казна која му ја одреди клубот за изјавите во интервјуто во кое ги нападна тренерот, некои од сегашните и поранешните соиграчи. За многумина, Роналдо веќе никогаш нема да заигра за Црвените ѓаволи, а по Светското првенство ќе се види со кој клуб има постигнато договор, тешко дека би останал до крајот на сезоната во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести