Доколку Кристијано Роналдо вечерва заигра на натпреварот Манчестер јунајтед – Вилјареал, ќе стане „Мистер Чемпионс“, или господин ЛШ затоа што ќе стане фудбалер со најмногу настапи во историјата на Лигата на шампионите. Роналдо го дели врвот со голманот Икер Касилјас со по 177 меча во ЛШ, а вечерва на „Олд Трафорд“ 36-годишниот Португалец сам ќе го заземе првото место во оваа категорија.
Во топ 5, по Роналдо и Касилјас, се уште Чави Ернандес со 157, Лионел Меси со 149 и Раул Гонзалес со 142.
Роналдо е актуелен рекордер и по бројот на постигнати голови, со 135 погодоци. Вечерва тој игра против Вилјареал, тим на којшто му нема дадено гол како член на Црвените ѓаволи (играл четири пати против нив во ЛШ), но во дресот на Реал Мадрид 13 пати даваше гол против Жолтата подморница.