14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Кристијано Роналдо во потрага по навивачот кој плачеше со неговиот дрес (Видео)

Фудбалер на Ал-Наср и репрезентативец на Португалија, Кристијано Роналдо, со објава на социјалните мрежи побара помош да се идентификува навивачот од видеото кое го сподели.

На видеото се гледа повозрасен маж во дрес од Кристијано Роналдо кој плаче додека го извикува неговото име. „Го барам. Секоја информација е добредојдена“ пишува на објавата.

Се претпоставува дека Кристијано Роналдо сака лично да го запознае и веројатно да му се заблагодари за поддршката.

- Оглас -

Најнови вести