14.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Кристијано Роналдо: „За една или две години ќе одам во пензија“

Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико ќе биде последното во кариерата на Кристијано Роналдо. Португалецот го потврди тоа на туристичкиот форум во Ријад и најави дека за една или две години и дефинитивно заминува во пензија.

„Навистина уживам во моментов. Како што знаете, во фудбалот, кога ќе дојдете до одредени години, месеците брзо поминуваат. Се чувствувам многу добро во моментов. Давам голови, сè уште се чувствувам брзо и остро. Уживам и во игрите за репрезентацијата. Кога велам ‘наскоро’, значи за една или две години“, рече Кристијано Роналдо.

Португалецот дебитираше на Мундијалите во 2002 година и јасно е дека следното Светско првенство ќе биде последно во неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести