Кристијано Роналдо: „Златната топка го загуби кредибилитетот“

Кристијано Роналдо оваа сезона не беше ниту во потесната конкуренција за освојување на Златната топка, која по рекорден осмипат му припадна на аргентинецот Лионел Меси. Португалецот календарската година ја заврши како најдобар стрелец во светот со 53 голови, по еден повеќе од Килијан Мбапе и Хари Кејн.

– „Тие награди го губат кредибилитетот. Мислам дека треба да се анализира целата сезона за да видиме кој ги заслужува тие награди. Не сакам да речам дека Меси, Мбапе или Халанд не ја заслужуваат наградата. Едноставно повеќе не верувам во тие награди и тоа нема никаква врска со тоа што јас не ја освоив.“ – вели Кристијано Роналдо.

Португалскиот репрезентативец кој настапува за Ал-Наср од Саудиска Арабија оваа сезона ја освои наградата за најдобар играч на Блискиот Исток.

– „Овој трофеј, за најдобар фудбалер на Блискиот Исток не може никој да ми ја одземе, бидејќи е реална. Заради тоа сум уште посреќен, бидејќи тука се гледаат бројките, а бројките се факт.“ – додава португалецот.

- Оглас -

Најнови вести