Кристијано се бори за влез во азиската ЛШ, ПСВ во Глазгов по одмазда

3530 Неман – Гомел (19.00 часот)

Домашните се борат за титула во белоруската лига и не смеат да киксираат против Гомел ако сакаат да се најдат на врвот. Неман е втор со седум бода помалку од Динамо Минск, но Неман има одиграно и три меча помалку, па ако ги добие сите заостанати, меѓу кои и денешниот, ќе избие на прво место. Неман има 10 победи во 14 меча, ја има најдобрата одбрана, прими само 7 гола на тие 14 меча. Гомел има по пет победи, порази и ремија, а во последните три кола доби два меча. Гомел има дадено само еден гол на последните шест гостувања кај Неман.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)

 

5619 Ал-Наср – Шабаб Ал-Ахли (19.20 часот)

Ова е дуел од квалификациите во азиската Лига на шампиони и победникот влегува во групната фаза. Се игра само еден меч, и тоа во Ријад на теренот на фаворитот. По двете разочарувања во саудиската лига, Ал-Наср, предводен од Кристијано Роналдо, ќе направи сè да победи и да влезе во ЛШ на Азија. Шабаб Ал-Ахли е тим од Дубаи, од Обединетите Арапски Емирати, тренер им е Србинот Марко Николиќ, има многу странци во тимот, но негова победа би била сензација.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.74)

 

6044 Антверп – АЕК (21.00 часот)

За АЕК нема време за славење по победата над Динамо Загреб, пред него е нов предизвик, дуели со белгискиот првак за влез во групната фаза во ЛШ, а тој што ќе испадне, ќе игра во групите во Лига Европа. Квотите за конечен тип го фаворизираат домашниот тим, но овие два тима одиграа пријателски меч пред околу еден и пол месец и атинскиот АЕК победи со 3-0, дуел кој се играше во формат три третини по 30 минути.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)

 

6869 Раков – Копенхаген (21.00 часот)

Полскиот Раков мина долг пат до оваа фаза, ги елиминира Флора Талин, Карабах и Арис Лимасол за да дојде на чекор до влез во европската елита. Копенхаген во претходната рунда на пенали ја елиминира Спарта Прага. Раков не игра на својот стадион, туку во градот Сосновјец. Данците не знаат за пораз на официјален меч уште од 8 мај. Двата тима викендов победија со по 2-0 во домашните лиги.

Предлог тип: & 1-3 (2.30)

 

6868 Ренџерс – ПСВ (21.00 часот)

Интересно е дека ова е втора сезона по ред овие тимови да се сретнат во плејофот за влез во ЛШ. Лани се радуваше Ренџерс, и тоа благодарение на победата во Холандија, во Глазгов беше 2-2. Шкотите до овој плејоф годинава дојдоа тесно преку Сервет, а ПСВ во минатото коло беше убедлив против Штурм. „Ајброкс“ во Глазгов е незгодно место за гостување, но ПСВ е многу опасен гостин, од 1 април наваму ги доби сите гостувања и ќе има мотив да им врати на Шкотите за лани.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести