Кристијано се огласи преку Инстаграм: Здравјето на луѓето пред сите други интереси (фото)

Крисијано Роналдо јавно изрази поддршка до сите кои се соочуваат со коронавирусот и истакна дека во овие моменти здравјето на луѓето е најважно и пред сите други интереси. Веќе е познато дека спорт е ставен во мирување додека трае пандемијата со Ковид-19, играчите на Јувентус беа изложени на опасност откако се дозна дека Даниеле Ругани е заразен, додека останатите се во домашна изолација.

„Светот минува низ тежок период кој бара целосно внимание и грижа. Денес не ви се обраќам како фудбалер, туку како син, татко, човек кој е загрижен со ситуацијата. Важно е да се следат советите на Светската здравствена организација, како и властите за тоа како најдобро да го решиме овој проблем. Да се зачуваат човечките животи е грижа број еден пред сите останати интереси. Би сакал да им изразам поддршка на сите оние кои ги загубија своите најблиски во борбата против коронавирусот, мојата солидарност до оние кои уште се борат како мојот соиграч Даниеле Ругани, и воедно да им се заблагодарам на сите медицински професионалци кои си ги ризикуваат сопствените животи за да ги спасат нашите“, стои во пораката на Крисијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести