23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Кристијано се појави во улога на рок ѕвезда (Видео)

Мегаѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, позитивно ги изненади своите милиони следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи видео во кое тој е во улога на рок-ѕвезда.

Во клипот, Португалецот излегува на сцената со гитара во рака, а бендот го свири големиот хит „I Love Rock ‘n’ Roll”. Роналдо е облечен во црно и ја демонстрираше одличната физичка форма.

Фановите полудеа и со задоволство му коментираат дека улогата на рок-ѕвезда му одговара. Станува збор за видео кое е дел од рекламна кампања на португалски телекомуникациски гигант.

Видеото во кое Роналдо е како гитарист во рок бенд, може да го видите тука.

 

- Оглас -

Најнови вести