Кристијано си купи кола каква што ќе имаат само десетмина на светот (Фото)

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ја комплетираше постапката за купување на автомобил од марката Бугати. По повод 110-годишнината од постоењето на компанијата, се прозиведе специјалното „Бугати Чентодиечи“, а ќе бидат направени само десет примероци од кои едниот ќе биде во сопственост на славниот фудбалер.

Цената на ова Бугати е вртоглава и изнесува над 9 милиони евра. Португалецот во својата гаража ова „чудовиште“ ќе го има од следната година.

Максималната брзина на оваа кола е 380 километри на час, а од 0 до 100 може да дојде за само 2,4 секунди.

 

- Оглас -

Најнови вести