Кристијано слави роденден, подобар е на 35 отколку на 20 години

Клубот Јувентус и неговите навивачи, како и над 200 милиони следбеници по социјалните мрежи, го слават 35-тиот роденден на Кристијано Роналдо. Иако има и многу милиони фанови кои не го сакаат, бројките кажуваат дека Португалецот е најпопуларниот фудбалер, веројатно и спортист на светот.

Роналдо е прв стрелец во историјата на Лигата на шампионите и на Реал Мадрид и на 34 години знае да дава голови со ножички или да скокне два и пол метри за да ја удри топката со глава и да даде гол. Гладен е за успеси, не се задоволува со постигнатото, иако има бројки за какви што може да сонуваат 99,9 проценти од неговите колеги.

Во Јувентус се надеваат дека тој е човекот кој може да им ја донесе европската титула, даде гол речиси против секој ривал на Јуве во Италија и Европа. Нема никакви знаци на стареење или пад во формата. Напротив, подобар е сега отколку кога беше 20-годишен.

Со националниот тим ги освои Европското првенство и Лигата на нациите, може да стане и најдобар на сите времиња по голови за репрезентацијата, му фалат уште 11. Има пет Златни топки, четири Златни копачки, со два различни клуба беше европски првак, седумпати бил прв стрелец во ЛШ, а наскоро ќе го одигра својот илјадити натпревар во кариерата на клупска сцена. Девет тренери имале чест да го тренираат, а 120 гола има дадено од пенал. Играл против 223 ривали за клуб и селекцијата, а на 155 им дал гол.

 

- Оглас -

Најнови вести