Поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, во интервју за мадридскиот спортски весник „Ас“ откри како Кристијано Роналдо со еден совет му ја променил кариерата на Карим Бензема, па сега Французинот е лидер на Реал и сезонава е еден од најдобрите фудбалери на светот.
„Промената кај Бензема дојде откако тој почна да има попрофесионален пристап. Играше заедно со Кристијано, кој е врвен професионалец. Во една прилика, Роналдо му рече: Момче, вака нема да успееш во Реал Мадрид. Карим доста научи од тој совет. Интелегентните луѓе прават промени на подобро. Дури и по заминувањето на Кристијано, го натера Бензема да стане уште подобар и да ја преземе лидерската улога“, изјави Валдано.