Тотенхем е една од најомилените жртви на Кристијано Роналдо, а вечерва Португалецот не само што ја продолжи серијата голови против лондонските Петли, туку ги уништи со хет-трик во победата од 3-2.
За Роналдо ова е 59-ти хет-трик во кариерата, а има 809 голови на официјални мечеви во клупската и репрезентативната кариера. Тој е втор најстар играч кој направил хет-трик во Премиерлигата, а ова му е првпат по 2008 година од меч со Њукасл, да даде три гола во дресот на Манчестер јунајтед.
Црвените ѓаволи се четврти на табелата, но имаат одиграно и повеќе натпревари од екипите кои се веднаш зад нив, па ќе треба да чекаат киксеви на Арсенал, Вест Хем и Тотенхем.
Ова е победничкиот гол на Роналдо, а веднаш после тоа беше повлечен од игра:
WHAT A GOAL FROM CRISTIANO RONALDO!! HATTRICK! MANCHESTER UNITED 3-2 #MUNTOT
— ً (@Asensii20) March 12, 2022