„Кристијано треска“: Над 300 фанови го пречекаа Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо денес се пријави во тренинг центарот на Јувентус за претсезонските подготовки. Португалецот беше пречекан од страна на околу 300 навивачи на Старата дама кои со нетрпение го чекаа неговото пристигнување, па нормално мораше да подели по некој автограм и да направи фотографија со нив.

Роналдо потоа ги помина редовните медицински прегледи, па им се приклучи на соиграчите. Воедно, ова беше прва прилика Роналдо да се запознае со новиот тренер Маурицио Сари.

- Оглас -

Најнови вести