24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Кристијано уште не заиграл во 2021, а веќе постави еден светски рекорд

Крилниот напаѓач на Јувентус и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, стана првиот човек кој ја надмина бројката од 250 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Роналдо е убедливо најпопуларна личност на светот според бројот на следбеници. Повеќе лајкови од 35-годишниот Роналдо има само официјалниот профил на Инстаграм, кој има 382 милиони.

Ако се сметаат само луѓе, Роналдо е прв, втора е пејачката Аријана Гранде со 214 милиони и актерот и некогашен борач Двејн Џонсон познат како „Карпа“, со 209 милиони следбеници.

На листата на фудбалери, после Роналдо најпопуларен е Лионел Меси со 175 милиони следбеници. Само во декември Роналдо собрал над 5 милиони нови следбеници, а тоа се должи на неговата активност, објавување приватни слики и случки, како и спонзорирани објави кои се платени за да допрат до поголем број на луѓе.

- Оглас -

Најнови вести