Кристијано утре ќе ја крене завесата на новата сезона во ЛШ – Поседува нереални рекорди, а воедно атакува на уште еден

Кристијано Роналдо по малку повеќе од 12 години, повторно ќе заигра во Лигата на шампионите како ѕвезда на Манчестер јунајтед. Откако го напушти „Олд Трафорд“ во летото 2009 година за да стане Галактико во Реал Мадрид, Кристијано тргна во поход да забележи многу значајни и воедно нереални индивидуални рекорди кои тешко дека ќе бидат надминати.

Утре (18:45 часот) во Берн, Португлецот ќе ја има честа да означи старт на новата сезона 2021/22, во која титулата ќе ја брани Челзи, а останатите гиганти токму како Манчестер јунајтед, градскиот ривал Сити, Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Интер, Јувентус ќе целат на тоа да го преземат европскиот трон.

Роналдо како гостин со Ѓаволите кај Јанг бојс ќе го добие целото внимание од фудбалската јавност и сигурно посакува да се истакне во најдобро светло, како што го стори тоа во второто деби против Њукасл изминатиов викенд со два погодоци.

Со стартот на новата сезона, Роналдо атакува на нов рекорд, оној на Икер Касилјас по бројот на настапи во ЛШ, а уште утре со самиот настап ќе се израмни со поранешниот соиграч од Реал на 177 натпревари. Во второто коло против Вилјареал, Роналдо ќе може да стане рекордер во оваа категорија, а кога веќе се споменуваат индивидуалните достигнувања, добро е да се потсетиме што направи Роналдо во изминатава една и пол деценија.

11 рекорди на Роналдо во ЛШ:

Најмногу голови во натпреварувањата на УЕФА, 137

Најмногу голови во ЛШ, 134

Најмногу голови во една сезона, 17 (2013/14)

Најмногу голови во нокаут фаза, 67

Најмногу победи во финалиња, 5

Единствен играч што постигнал барем еден гол во три различни финалиња

Единствен играч барем со еден постигнат гол во сите шест меча од групната фаза

Единствен играч кој постигнал гол во 11 последователни натпревари

Единствен играч кој постигнал 10 гола против еден клуб (Јувентус)

Најмногу награди за најдобар играч според УЕФА, 4

15 пати дел од најдобриот тим на УЕФА (2004, 2007-2020)

- Оглас -

Најнови вести