16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Кристијано вечерва станува прв фудбалер во историјата со 200 настапи за својата селекција

Вечерашниот натпревар помеѓу Исланд и Португалија ќе донесе еден светски рекорд во машкиот фудбал. Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер кој одиграл 200 официјални натпревари за својата репрезентација.

„Овие 200 меча ја покажуваат мојата љубов кон татковината. Секогаш сум возбуден кога ќе ја слушнам химната и тоа е добро бидејќи говори за одговорност, гордост и мотивација. Да ја претставуваш својата земја е врв во кариерата на еден фудбалер. Играш за семејството, родителите, пријателите, народот. Сакам да продолжам и ќе останам додека претседателот на Федерацијата и селекторот веруваат дека тимот има потреба од мене. Никогаш нема да откажам повик. Патувањето е долго, но се надевам дека нема да заврши наскоро“, изјави Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести