Кристијано „видовит“, пред два месеца го предупреди Мбапе дека Реал не е ПСЖ

Снимката од интервјуто на Кристијано Роналдо со Рио Фердинанд од пред два месеца, во која Португалецот зборува за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, денеска е хит на социјалните мрежи.

Во тоа интервју Роналдо изненадувачки го одбра Мбапе кога Рио му постави прашање дали е подобар Бензема или Мбапе, но првиот стрелец во историјата на Реал Мадрид кажа и нешто друго кое сега е хит бидејќи се покажа дека Кристијано е „видовит“ околу тоа што може да му се случува на Мбапе во Реал.

На Мбапе не му цутат розите во Мадрид, не дава голови колку што се очекуваа од него, а утна два важни пенали последнава недела.

„Ќе видиме дали главата му е бистра и добра и дали може да се справи со притисокот бидејќи Реал Мадрид не е ПСЖ. Можам да ви кажам дека не е исто. Сега тој доаѓа во Мадрид и можете да се запрашате дали Реал ќе биде подобар со него. Не сум сигурен, не знаеме, ќе видиме дали со него ќе бидат подобри отколку во минатата сезона“, предупреди Роналдо пред два месеца.

- Оглас -

Најнови вести