Кристоферсен е нов светски првак во велеслалом, Божиновски заврши како 63.

Македонскиот скијач Лука Божиновски го освои 63. место во конкуренција на 98 натпреварувачи во велеслаломската трка на Светскиот шампионат во Оре.

Победник и нов светски првак е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој ги изненади фаворитите Алексис Пинтуро и Марсел Хиршер и со брилијантна втора трка го освои златото.

Марсел Хиршер, кој беше топ фаворит за победа во Оре, заостана за 20 секунди на второто место, а бронзата му припадна на светскиот првак во комбинација, Пинтуро.

Божиновски не успеа да приреди подвиг и да се пробие до првата триесетка, за да може да учествува и во втората трка па во конечен пласман е на 63. место.

- Оглас -

Најнови вести