Кристоферсен победи на велеслаломот во Банско

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи на велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање која се одржа во бугарскиот скијачки центар Банско. Светскиот првак во оваа дисциплина, успеа во второто возење да биде подобар од лидерот по првата серија, Марсел Хиршер. Австриецот заврши на второ место со 4 стотинки послабо време од победникот.

Сепак, Хиршер и со второто место си обезбеди титула во велеслалом за оваа сезона. До крајот на сезонава, ќе се возат уште два велеслалома.

За Кристоферсен, ова е 17-та победа во кариерата, но прва во Светскиот куп после 13 месеци, и само втора во оваа дисциплина во која неодамна во Оре стана светски шампион.

Третата позиција му припадна на Томас Фанара, кој заостана 39 секунди, а четврти остана друг Французин, Алексис Пантуро, кој имашпе 49 стотинки послабо вкупно време од Кристоферсен.

Денеска се натпреваруваа и жените, во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана. Таму скијачките се натпреваруваа во комбинација. После извозените спуст и слалом, првото место го освои Италијанката Федерика Брињоне, а подиумот го пополнија Рони Рем и Венди Холденер.

- Оглас -

Најнови вести