Критики до ПСЖ: Сакаа да играм за кикирики, а ми велеа да пазам што зборувам

Томас Муние од неодамна е нов играч на Борусија Дортмунд, откако летово му заврши договорот со Пари Сен Жермен. Десниот бек на белгиската репрезентација четири сезони играше за ПСЖ, а на 30 јуни му заврши договорот, па тој потпиша со германскиот бундеслигаш.

Имаше опција Муние да остане во ПСЖ до крајот на летото за да ги доигра мечевите од Лигата на шампионите, каде што францускиот тим е дел од четвртфиналето. Сепак, на крајот такво нешто не се случи, а Муние открива дека вината е во челниците на ПСЖ кои не сакале ништо да платат за неговите услуги во следните два месеци.

„ПСЖ контактираше со Борусија, но не сакаа да платат ништо, што е невозможно. Бидејќи јас веќе сум играч на Борусија, ПСЖ требаше да плати барем осигурување и пари за позајмица. Да бидам јасен, директорот на ПСЖ, Леонардо, во ниту еден момент не се обиде да постигне договор со Борусија. Едноставно сакаше да играм без пари, фактички како да играм за кикирики“, вели Муние.

Играчот објаснува дека самиот барал да му биде продолжен договорот со ПСЖ за месеците јули и август, но од францускиот тим не сакале да разговараат за таква опција. „Се слушнавме телефонски и ми порачаа да внимавам што зборувам. Целосно го изгубиле допирот со реалноста“, додава фудбалерот.

 

- Оглас -

Најнови вести