21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Критики за Лозана по поразот во Скопје, велат притиснати сме до ѕид!

Поразот на Лозана од Вардар во Скопје предизвика многу критики и негативни коментари кон швајцарскиот тим од кој очекувале победа.

Лозана после 15 години првпат одигра европски меч, имаше улога на фаворит, но Црвено-црните беа подобри, и шанси за пласман во следното коло имаат двата тима, со тоа што Вардар на реваншот влегува со минимална предност.

„Лозана едноставно се „стопи“ во скопскиот пекол од 35 степени. Она што требаше да биде почеток на нешто добро летово, се претвори во кошмар за Лозана. Очајното прво полувреме одиграно во Скопје дојде на наплата“, коментира новинарот на „24 Heures“, кој во живо го следеше мечот во Скопје.

„Штом губите од тим како Вардар, очајни сте“, реагираше еден раочаран фан со коментар на социјалните мрежи.

Швајцарците предупредија дека Вардар на реваншот ќе го има најдобриот играч и капитен Горан Закариќ, и дека ќе треба посебно внимание да се обрати и на голгетерот Роџерс Мато.

- Оглас -

Најнови вести