Критики за Роналдо во Португалија: Нема логика тој да биде во првиот состав!

Кристијано Роналдо по вторпат за неполни две години ја фрли капитенската лента, но за разлика од првиот пат во Белград, синоќа доби многу критики од португалската јавност и новинарите.

Поразот на Португалците од Шпанија многу ги заболе Португалците, па сите им беа виновни, а најмногу капитенот, човекот со најмногу настапи, голови и победи во дресот на националниот тим.

На Роналдо, кој има 37 години, сезонава не му оди ниту на клупска сцена, веќе не е истиот како порано, има само еден гол на осум меча во Премиер лигата и затоа имаше критики дека не треба да игра 90 минути ниту за репрезентацијата.

Весникот „А Бола“ на насловната страница објави: „Повеќе Португалија, помалку Роналдо“, а во една анкета, 57 отсто од испитаниците рекле дека Кристијано не треба да биде стартер на мечевите од Светското првенство.

Сестрата на Роналдо, Катја Авеиро, порача дека критиките се од луѓе кои се болни, без душа, глупави и неблагодарни.

- Оглас -

Најнови вести