Ѓоковиќ помогна од понеделник Русин да биде број 1 во тенисот

Со неочекуваниот пораз на Новак Ѓоковиќ од Јиржи Весели, стана јасно дека на најновото рангирање, кое ќе биде објавено в понеделник, Данил Медведев ќе биде светски рекет број 1.

За првпат по 2004 година, прв на АТП-листата ќе биде некој што не е од големата четворка. Во претходните 18 години, први на АТП-листата беа или Ѓоковиќ, или Роџер Федерер, или Рафаел Надал или Енди Мареј.

Пред Медведев, последен тенисер кој бил прв, а да не е од квартетот, бил Енди Родик.

- Оглас -

Најнови вести