Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не успеа да му помогне на својот тим против Лил. За првпат откако е во клубот, францускиот репрезентативец не успеа да упати ниту еден удар кон голот на противникот. Во натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите, Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Лил со 0-1.
Килијан Мбапе, кој влезе како замена во 57-мата минута од натпреварот, не успеа ниту еднаш да упати удар кон голот на противникот, коментира „Марка“. Ова се случува за првпат во десетте натпревари на напаѓачот за Реал Мадрид во сите натпреварувања.
Мбапе вкупно има постигнато седум гола и три асистенции за шпанскиот гигант.