Критикуваниот Ван Гал си ја знае работата, Холандија со него на клупа губи само на пенали!

Иако навивачите и новинарите во Холандија имаат многу замерки за одредени тактички и персонални потези на Луј Ван Гал, сепак резултатите покажуваат дека 71-годишниот стручњак има феноменален учинок како селектор на Лалињата.

Ван Гал ја има водено својата селекција на 11 меча на Мундијалите, и билансот му е 8 победи и три ремија. Ниту еднаш Холандија не загубила во 90 или 120 минути игра со него како селектор. Рекордот го држи Бразилецот Фелипе Сколари кој имаше низа од 12 меча без пораз на светските првенства.

Во Катар, можен противник на Холандија во четвртфиналето е Аргентина, а токму Аргентина може да се пофали дека славела над Холандија со Ван Гал како селектор. Тоа се случи во полуфиналето на СП 2014 година, тогаш Гаучосите триумфираа на пенали.

Последен неевропски тим кој ја победил Холандија е Бразил на СП во 1994 година, па за Аргентина или можеби Австралија, ќе имаат незгоден ривал во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести