Кривак криво стартуваше, Бобичанец ја казни Шкендија

Шкендија имаше иницијатива, но Мура води со 1:0 во Скопје по првото полувреме во првото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите.

Стартот на словачкиот интернационалец Јан Кривак во 28-мата минута беше доволен за судијата Нобре да досуди пенал за Мура, а прецизен беше Хрватот Бобичанец за предност на гостите од Мурска Собота.

Шкендија имаше идентична шанса во последните секунди од првиот дел, кога повторно имаше пенал, но Бесарт Ибраими не успеа да погоди, па Мура има добра предност по првиот дел од 1:0.

Сезонава во квалификациите на Лигата на шампионите се игра по стандарден систем, па ќе има и реванш, што ќе се игра за една седмица во Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести