Криза е – Клубот на Ристовски продаде играч за 15 милиони евра што го цени четирипати повеќе

Португалската колонија во Вулверхемптон ќе се зголеми за уште еден играч откако популарните Волци од Англија се договорија со Жоао Палиња, играч на Спортинг.

Интересно е што Палиња ќе се пресели во Англија од редовите на Брага, каде што настапува како позајмен играч од Спортинг, а Лавовите од Лисабон ќе инкасираат само 15 милиони евра, иако договорија отштетна клаузула со него при пристигнувањето за цели 60 милиони евра.

Паулињо има договор со Спортинг до 2022 година и Лавовите планираа да го вратат во своите редови бидејќи игра одлично за Брага.

Сепак, понудата на Вулверхемптон за Спортинг е одлична во услови на криза со ковид-19, но и на нестабилна финансиска ситуација во клубот од Лисабон, па одлучија да го продадат Паулињо за четирпати помала цена.

За Спортинг од 2017 година игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој е стандарден член на стартната постава на еден од трите фудбалски гиганти во Португалија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести