Криза во Јувентус: Матуиди не тренираше, не се знае дали ќе игра против Јунајтед

Криза се појави во редовите на Јувентус само на два дена пред дуелот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Играчот за врска Блез Матуиди вчера не присуствуваше на тренингот на првиот тим поради непознати причини, што му остави малку простор на Макс Алегри за составување на првите 11 во пресрет на реванш-средбата против „црвените ѓаволи“.

Од претходно, поради повреди Јуве веќе подолго време е без Емре Џан и Сами Хедира, што значи дека само Пјаниќ и Бентанкур му се на располагање на италијанскиот стратег.

Исто така, Даглас Коста не присуствуваше на вчерашниот тренинг, наместо тоа, Бразилецот беше на третман на бутниот мускул од левата нога, каде што извесно време чувствувал болки. Манџукиќ го одржа пола од тренингот со лесен интензитет, бидејќи Хрватот само што се врати од повреда на зглобот на ногата.

Бернардески и Кјелини тренираа посебно, и двајцата се во трка со времето да бидат кондициски подготвени за дуелот од четвртото коло во Лигата на шампионите, во кој при евентуална победа на Јувентус, италијанскиот првак ќе го обезбеди своето место меѓу 16-те екипи кои ќе играат во нокаут-фазата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести