Романскиот првак ФЦСБ како гостин со 1-0 го совлада холандски Го ахед иглс во првото коло од лигашкиот дел на Лигата на Европа.
Клубот кој некогаш се викаше Стеауа и беше европски првак, пред околу два месеца делуваше многу лошо, се мачеше со ривал од Андора, па беше елиминиран од тетовската Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, но успеаја да се консолидираат, да дојдат до лигашкиот дел на Лигата на Европа и таму тргнаа со три бода, нешто што изгледаше невозможно кога беа поразени од македонскиот првак, кој на крајот заврши во Конференциската лига, која е квалитативно послаба од ЛЕ.

