Поразот од Лацио во првиот нивен осминафинален меч, а и негативата од осум бода во Бундеслигата по поразот викендов од Бохум придонесоа на хартија да се намалат шансите на Баерн Минхен за освојување на Лигата на шампионите.
Според новите квоти во Sport Life, Баварците веќе не се втор како што беа досега, туку четврти фаворит за освојување на ЛШ. Сега поголеми шанси им се даваат на Реал Мадрид и Арсенал отколку на Баерн. Прв кандидат за освојување на трофејот е бранителот Манчестер сити, а најмали шанси му се даваат на Копенхаген, кој речиси сигурно ќе биде елиминиран од Граѓаните од Манчестер.
Денеска и утре најдоцна до 21 часот може да се обложите и кои тимови ќе одат во четвртфинале од паровите кои се играат во вторник и среда. Арсенал е голем фаворит за да го елиминира Порто, на Барселона ѝ се даваат поголеми шанси отколку на Наполи, во другата италијанско-шпанска пресметка Интер е малку поблиску до четвртфинале во однос на Атлетико, а и за Борусија Дортмунд се проценува дека е фаворит против ПСВ Ајндховен, иако тука квотите се најблиски.