28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Резултатската криза во Рома го направи своето: Мурињо посакува играч на Лил

Екипата на Рома во досегашниот тек на оваа сезона доживеа неколку шокантни порази.

Затоа, во јануарскиот преоден рок, Жозе Мурињо планира да ја засили одбраната на овој тим, а желба му е играч на актуелниот француски првак, Лил.

Зеки Челик игра на десната бековска позиција и изминативе сезони бележи одлични партии за Лил.

Турскиот фудбалер од 2018 година игра за овој тим, а минатата сезона беше еден од најдобрите кога ја освоија титулата во Франција.

Иако летово одби неколку понуди и реши да остане во Лил, сепак информациите велат дека во јануари ќе се пресели во Рим.

Мурињо и Рома изминатиов период не бележат сјајни резултати, а во последното коло загубија на гостувањето кај Венеција со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести