Криза е и на Милионерите не им се трошат пари – Фавр останува тренер на Борусија Дортмунд

Челнците на Борусија Дортмунд се премислија и веќе се договорија со Луцијан Фав да остане на кормилото на клубот и за следната сезона.

За 62-годишниот стратег имаше многу критики, а во таборот на Милионерите најмногу жалат за новата пропуштена шанса да бидат шампиони на Германија, па се најавуваше дека ќе му се заблагодарат на Фавр.

Сепак, сега има пресврт и германските медиуми најавија дека соработката ќе продолжи и трета сезона по ред. Борусија дури и размислуваше за кого од триото тренери, Маурисио Покетино, Ерик тен Хаг и Нико Ковач да се одлучи како наследник на Фавр, но сега останаа на досегашната опција.

Борусија испадна и во осминафиналето во Лигата на шампионите во двомечот со ПСЖ, а не успеа да се пласира и во финалето на Германскиот куп, па сезонава ќе остане без трофеј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести