Кризен прес на Мурињо: Не сум загрижен за мојата работа

Жозе Мурињо денес мораше да наоѓа нови изговори околу нестабилноста и лошата форма во тимот, како и за неговата индина на клупата на Манчестер јунајтед. Деновиве кружат шпекулации дека управата на Јунајтед контактирала со Зинедин Зидан како замена за Португалецот, потоа се појави информација дека Зидан самиот му се јавил на Мурињо да му каже дека тоа не е точно, па новинарите сакаа да дознаат дали навистина овој разговор се случил, а Жозе одби да одговори на прашањето. Одби да одговори дали разговарал со Ед Вудвард по поразот од Вест хем од 3-1 изминатиов викенд.

„Не ме прашувајте мене, прашајте го вашиот колега позади (покажувајќи кон новинарот на таблоидот „The Sun“). Моја работа е дали сум разговарал со Вудвард или не. Јас не ве прашувам вас за вашите приватни разговори. Можам само да ви кажам дека не се грижам за мојата работа, не постои притисок, ниту пак страв дека ќе бидам избркан, но сметам дека некои играчи повеќе веруваат во мене од останатите“, одговори Мурињо.

Португалскиот стратег потоа истакна дека нема да смета на неколку првотимци за утрешниот дуел со Валенсија, како Јанг, Лингард и Ерера, додека Маркос Рохо веќе долго време е надвор од првиот тим поради повреда.

„Јанг и Лингард нема да играат, недостасува и Ерера, а знаете дека Рохо не е во тимот веќе подолго време“, додаде Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести