Кризен штаб во Шкендија, Дестани е разочаран

Лазим Дестани е разочаран од резултатите и игрите на Шкендија во новата сезона, а по експресната елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите и Европа Лигата, најави промени во клубот.

И стартот во домашното првенство е непрепознатлив за шампионот, кој освои само еден бод во првите три кола. Дестани објави дека е формирана работна група, која треба да направи анализа за причините кои доведоа до криза во Шкендија.

Се најавуваше смена на дел од раководните структури во клубот, а се шпекулира дека познатиот поранешен албански репрезентативец Лорик Цана ќе биде нов спортски директор.

Лошите резултати можеат да доведат до смена и на кормилото, а се тресе „столчето“ на Ќатип Османи.

- Оглас -

Најнови вести