Лесно би го претепал Конор Мекрегор и да имам претходно испиено еден литар шток, вели Мирко Филиповиќ, или познатиот Кро Коп, кој не го цени многу Ирецот.
„Не ми се допаѓа неговото насилничко и театрално однесување. Без проблеми би го претепал во борба во октагонот дури и да имам испиено едно литро шток претходно. Единствено добро кај него е што сам се пробивал низ животот и тргнал речиси од нула бидејќи потекнува од сиромашно семејство“, вели Филиповиќ.
Кро Коп претрпе мозочен удар пред една години и се пензионираше како еден од најдобрите и најпознати УФЦ борци на сите времиња.
Мекрегор беше во фокусот во октомври 2018 година, кога во мечот на деценијата загуби од Хабиб Нурмагомедов со прекин на борбата.