Кројачот објасни дека подготвил наметка и во случај во финалето да победи Франција

Кога Лионел Меси како капитен на светскиот првак Аргентина го крена најважниот пехар, тоа го стори на невиден начин, нагрнат со традиционална арапска црна наметка, наречена бешт, и таа сцена зачуди многумина и привлече големо внимание.

Кројачот што го изработи бештот вели дека тоа парче вреди повеќе од 2.000 евра, изработен е рачно од јапонска свила, а додава и дека биле направени два, еден за Меси и еден за Уго Љорис, кој е капитен на Франција, со случај тие да победат во финалето.

„Кога ми ги нарачаа, не знаев дека се наменети за победникот на Мундијалот. Ми побараа да бидат проѕирни, подоцна сфатив дека тоа е за да се гледа дресот. На церемонијата се изненадив кога видов дека Меси го носи нашиот бешт. Бев горд кога видов дека нашата продавница е избрана од официјалните лица за оваа пригода“, вели кројачот Мухамад Абдулах Ал-Салем.

- Оглас -

Најнови вести