1.8 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Кројф „од балкон ќе му дава совети“ на Ајакс, откриена интересна статуа на легендата (Фото)

На „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, беше откриена статуа со ликот на Кројф и тоа како тој во улога на тренер им дава совети на фудбалерите на терен.

Статуата е на средина на еден од балконите на стадионот на кој како домаќин игра Ајакс, а изработена е по повод 78-годишнината од раѓањето на најдобриот холандски фудбалер на сите времиња.

„Бронзената скулптура е трајно потсетување на визијата, посветеноста и огромниот придонес на Кројф во фудбалот, и како играч и како тренер“, се вели на веб-страницата на Ајакс.

Кројф почина од рак на белите дробови на 24-ти март 2016 година, а од сезоната 2018/19, стадионот на Ајакс го носи неговото име: Арена Јохан Кројф.

- Оглас -

Најнови вести