Тони Крос има феноменална сезона. Со Реал Мадрид стана првак на Шпанија, а ја освои и титулата во Лигата на шампионите. По освојување на трофејот во ЛШ, Крос го напушти Реал Мадрид затоа што реши дека ќе оди во пензија по завршување на Европското првенство.
Германија утре игра против Шпанија во четвртфиналето од ЕП, а доколку панцерите загубат, тоа за Крос ќе биде последен меч во кариерата. Сепак, легендарниот германски фудбалер е убеден дека тоа нема да биде негов последен натпревар.
„Не планирам во петок да се пензионирам, па очекувам повторно да се видиме на прес конференција на ЕП. Ја анализиравме играта на Шпанија, мислам дека ваквите мечеви се решаваат на средината на теренот. Ние како тим имаме една цел, а тоа е да го освоиме трофејот. Ќе видиме дали ќе успееме во тоа“, оптимистички вели Крос.